500 евра е платата на универзитетските професори – нов колективен договор за покачување од 25% до крај на година?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Се поизвесно е дека вработените на УКИМ до крајот на годинава ќе потпишат нов колективен договор, а тоа подразбира и 25 % покачување на платите во наредните четири години  на сите 2.400 вработени.

„Денеска имавме коснтруктивна и плодна средба со Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија и со задолвоство констатиравме дека финалниот колкетивен договор ќе биде потпишан најдоцна до 29 декември“, вели Ангел Ристов.

Адвокатката Салтирова, помирувач во решавање на работниот спор исто така оптимистички изјави дека договорот е на повидок и рече дека ова е „историски процес во Република Северна Македонија во однос на помирувањето“.

„Претседателот на Собранието ова не го гледа како спор, за него не е ништо спорно, но се усогласуваме околу обезбедувањето на финансиските средства што не зависи од него. Тој има волја да го потпише колективниот договор уште денеска“, вели Мимоза Салтирова.

За 9-ти декември е најавена нова средба со министерот за финансии Фатмир Бесими. Доколку не се најде решение на следната средба во делот на финанасииите Претседателот има дискреционо право да го потпише колективниот договор онаа како што бара синдикатот.