Нови малопродажни цени на нафтените деривати ќе важат од 22 септември, согласно одлуката што ја донесе Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.
Со новата одлука, бензините поевтинуваат за 1,50 денари за литар, додека дизелот поскапува за 5,50 денари за литар.
Од 00:01 часот на 22 септември максималните цени ќе изнесуваат:
Еуросупер БС-95 – 99,00 денари/литар
Еуросупер БС-98 – 101,00 денари/литар
Еуродизел БС (Д-Е V) – 104,50 денари/литар
Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 102,50 денари/литар
Мазут М-1 НС – 50,078 денари/килограм
Според РКЕ, промената на цените е направена поради движењата на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на американскиот долар.
Во однос на претходната пресметка, референтните цени во просек се зголемиле за 0,960 проценти кај бензините, 6,772 проценти кај дизелот, 5,960 проценти кај екстра лесното масло и 4,084 проценти кај мазутот.
Во исто време, курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,753 проценти.
При формирањето на новите цени е применет намален износ на акцизата од четири денари за литар кај Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98, Еуродизелот и екстра лесното масло за домаќинство.
Кај Еуродизелот и екстра лесното масло е применет и намалениот износ на ДДВ од 10 проценти.
РКЕ појаснува дека станува збор за максимални малопродажни цени. Трговците на големо и мало со нафтени деривати и горива за транспорт имаат можност да ги формираат цените и под утврдените максимални износи.
