Во учебната 2021/22 вклучително и првото полугодие од оваа учебна година, 515 ученици се отпишале од училиштата во Куманово. 124 од нив си заминале бидејќи се преселиле во друга општина во земјава, а 391 ученик поради иселување во друга држава. Податоците ги објави Секторот за образование на општината. Социологот Али Пајазити иселувањето во други држави го смета за болна рана, а додава дека овој тренд нема да запре.
„Постои можност земјава да не ја биде и колку и ние да работиме и дејствуваме да се подигаме, напредуваме, просветуваме е залудно бидејќи на крајот одлучува патронот, а патронот во моментов е партијата, или партиите кои со клучот на полтронизација и на послушниците, одлучуваат за нашата судбина, индивидуално и колективно за жал“, вели Али Пајазити.
Феноменот на иселување од земјава го погоди секој град. Во изминатите 4 месеци или претходното полугодие околу 200 уленици од тетовските училишта си заминале од земјава. Ова значи дека згаснале 8 паралелки.
„Со почетокот на второто полугодие во училиштата, побаравме информација од сите основни и средни школи колку ученици добиле документ за иселување, според информациите од основните ученици си заминале 143 ученика а од средните 59 ученици добиле таков документ, и ако ги израчунаме овие бројки со бројот на паралелки, земајќи ги во прпсек по 25 ученика во еден клас, излегува дека има 8 паралелки помалку“, посочи Назми Даути.
Во првото полугодие од оваа учебна година од Прилеп се отпишале 130 ученици. Социологот Пајазити апелира до институциите да преземат мерки за да ја зголемат надежта кај младите и останатиот дел од населението, бидејќи како што вели, ни отидоа младите и тие со дипломи.
