570 нови случаи на коронавирус во Скопје

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3349 тестирања, регистрирани се 1.288 нови случаи на коронавирус, додека пак во Скопје се регистрирани 570 случаи.

Од почетокот на пандемијата досега има 25.228, додека активни се 10.130

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

  • Гази Баба – 1490
  • Аеродром -1474
  • Кисела Вода – 1245
  • Карпош – 1186
  • Центар – 1173
  • Ѓорче Петров – 874
  • Чаир – 639
  • Бутел – 584
  • Илинден – 251
  • Шуто Оризари – 206
  • Петровец – 128
  • Сарај – 160
  • Чучер Сандево – 99
  • Зелениково – 83
  • Сопиште – 66
  • Студеничани – 52
  • Арачиново -31

Нераспределени се 214, додека пак странци се 175.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 57.451, бројката на оздравени пациенти е 34.970, на починати е 1.600, а бројот на активни случаи изнесува 20.881