595 сребрени прстени скриени под седиштата на автомобил откриени на Блаце

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Речиси 600 сребрени прстени биле откриени при царинска контрола на граничниот премин Блаце, откако биле скриени под седиштата во автомобил со цел да се избегне плаќање на царински давачки.

Од Царинската управа информираат дека службениците при контролата пронашле вкупно 595 прстени со тежина од 1,7 килограми.

Накитот е запленет, а против лицето ќе биде поведена соодветна постапка.

Од Управата посочуваат дека прекршокот бил снимен со телесни камери на царинските службеници.