„60-70% вакцинирано население може да ја смени сликата на пандемијата – 6 месеци антитела имаат тие кои го поминале вирусот“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 потенцира дека се уште сме во фаза во која не се знае се за овој вирус.

„Тоа што сега за сега го знаеме е дека сигурно има антитела во период од шест месеци, такви се резултатите од клиничките студии на сите вакцини кои што се сега достапни. Сега многу тешко е да се каже каков ќе биде ефектот кон различните варијанти, различните мутации на вирусот“, објаснува Филипче.

Тој посочи дека во моментов има нови анализи за тоа дека некаде вакцините се поефикасни, а некаде помалку ефикасни.

„Во таа смисла мислам дека допрва следи период во кој што ќе имаме нови сознанија, како за вирусот, за епидемијата, како за делот на клиничката слика односно манифестацијата на болеста, така и во делот на вакцините“, додава Филипче.

Појаснува дека за ваков тип на вирус 60-70 проценти е нешто што сериозно може да ја смени сликата на пандемијата.