Ова е една од зградите кои пријавиле до ЕСМ дека во текот на вчерашниот ден радијаторите им останале ладни. Утрово нивни екипи имаа интервенција при што утре овој објект ќе има греење..
Во текот на вчерашниот ден пријавени се околу 600 дефекти. Најголем број се однесуваат на истекување од внатрешните инсталации, но има пријави и за ладни радијатори.
Приоритет имаат првите, бидејќи можат да предизвикаат штета во домовите, а интервенциите се вршат по принцип прв пријавен, прв услужен. Причината за ладни радијатори се дефекти во топлински потстаници иако во периодот пред грејната сезона немало дефекти-објаснува Александра Маројевиќ.
„Млаките радијатори во овој период и во наредниот не се дефект, туку се рационална испорака на топлинска енергија согласно правилата со цел да се исполни во објектите 20 +1 степен. Како ќе паѓаат температурите така и обемот на испорачана топлинска енергија ќе се зголемува“, рече Александра Маројевиќ, помошник директор за производство во АД ЕСМ.
Вчера условите за попладневен старт не биле исполнети, т. е.температурите биле високи до 12 степени и затоа поплането немало парно греење, објаснува Маројевиќ.
„Таа ситуација што се случи вчера и топланите не стартуваа не е нова не произлегува од ниедна друга причина освен мрежните правила за снабдување кои ги посочивме. Мрежните правила ги решаваат сите ситуации. Кога ќе се стартува наутро, колкава е тепмературата, кога ќе исклучат топланите, колку време топлата вода ќе циркулира во системот и таа енергија ќе се предава на домаќинствата“, изјави Маројевиќ.
Потрошувачите во овој систем плаќаат топлинска енергија само кога ја добиваат. Кога нема испорака, не врти бројчаникот и не плаќаат. Ако има греење ќе се зголеми температурата, а тоа треба некој да го плати додава Маројевиќ. Топланите во овој момент се подготвуваат да работат со алтернативно гориво, поточно дизел, во случај да снема гас, а со цел да нема пркин во снабдувањето со топлинска енергија.
