630 граѓани бараат отштета во Тетово и Желино – Владата ќе одлучи дали штетата ќе се надомести или не

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска е последниот ден кога граѓаните може да ги пријават штетите по невремето кое ги зафати Тетово и Желино. Досега во општина Тетово пристигнале 490 барања за оштета, а штетите главно се главно во земјоделството и домовите, но и  автомобилите.

„Во архивата на општина Тетово се пријавени сите штети, оштетување на домови или земјоделство,  станува збор за 490 и сите штети се во архивот, не се поделени дали штетите биле во земјоделие, куќи или автомобили и потоа комисијата ќе излезе, ќе ги провери и ќе видиме како ќе оди процедурата потоа“, вели Бесарта Рамадани.

Во општина Желино беше прогласено вонредна состојба поради поплавите, а потоа беше формирана и комисија за проценка на штетите.

„Досега ја формиравме комисијата и досега имаме 140 поднесоци и денеска е крајниот рок за пријавување, понеделник е првиот ден на работа, ќе излеземе на терен со комисијата и ќе напрравиме проценка. Ќе подготвиме записници и соодветни елаборати за проценка и затварањето на оваа постапка на штетите од дождот и град кои ги имаме во општина Желино“, вели Јасин Шаќири.

Откако општинската комисија ќе ја заврши проценките на оштетените имоти, општина Тетово истото треба да го достави до второстепената комисија во Владата, а потоа владата ќе одлучи дали штетите ќе бидат надоместени. Од општина Тетово соопштија дека штетата на автомобилите нема да се надомести, а земјоделците кои немаат договор за користење на земјоделското земјиште или немаат сопственост, нема да можат да добијат оштета.