Политичка култура или несоодветен речник? Коментар на партиски функционер отвора прашања за јавната комуникација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во редакцијата на ТВ21 пристигнаа неколку реакции во врска со начинот на комуникација на лица кои се активно вклучени во политичкиот живот во Македонија, особено кога станува збор за нивните јавни настапи и коментари на социјалните мрежи.

Повод за ова е коментар објавен на Фејсбук од страна на Г. Л., за кого се наведува дека е член на Централниот одбор на една политичка партија во земјава.

Под објава на спортскиот портал SportSport.mk, посветена на фудбалски натпревар меѓу Вардар и Тиквеш, лицето напишало:

„Од трите подолгото ќе го земат“, придружено со емотикон.

Без да навлегуваме во спортското ривалство, резултатите или навивачките симпатии, прашањето што се отвора е дали ваквиот начин на изразување е соодветен за лица кои имаат функции во политички партии.

Слободата на изразување е право на секој граѓанин, вклучително и на политичките функционери. Сепак, нивната јавна улога подразбира и поголема изложеност на критика и очекувања за одговорна комуникација.

Коментар што за еден граѓанин претставува обична навивачка шега, кај лице вклучени во политика може да отвори поширока дебата за политичката култура и однесувањето во јавниот простор.

Дали политичките функционери треба да поставуваат повисоки стандарди во јавната комуникација или нивните коментари на социјалните мрежи треба да се третираат исклучиво како лични ставови?

Го отвораме ова прашање како тема од јавен интерес, без намера да навлегува во приватните убедувања или спортските симпатии на поединци.