67 вработени во општината преку агенција – Касами го одржа зборот, достави податоци за вработувањата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами синоќа во Клик Плус не одговори колку вработувања имало преку агенција, но рече дека тоа ќе го стори во текот на денешниот ден.

„Преку агенцијата, ќе го објавиме бројот од излегувањето од емисија, утре ќе испратам како порака и ќе ја имате“.

-Јавно кажуваш, но дали е повеќе од 100 или помалку од 100?

„Не, тие што се вработени преку агенцијата се помалку од 100“.

-А тие што се со решенија за време на  вашето владеење, колку ги има г. Касами?

„Уште еднаш кажувам, од агенцијата се помалку од 100, работат во општината, но ангажманот е согласно законот“.

Касами си го одржа зборот. Тој денеска до редакцијата на ТВ21 го испрати бројот на вработени. Бројот на лица вработени преку агенции во општина Тетово со договор на дело е 67, а на вработени со трајно решение 344.

„Врз основа на систематизацијата на администрацијата на општина Тетово, со трајни решенија на неопределено време, има 344 вработени, додека со договор на дело ангажирани се 67 лица кои се вработени преку приватна агенција за вработување“, велат од општина Тетово.

Касами рече дека се менува бројот на вработени, бидејќи, како што додаде, постојано има луѓе кои доаѓаат и си одат во зависност од потребите на општината.