Британската влада денеска ослободи уште 650 затвореници во рамки на третиот бран од програмата за предвремено ослободување, чија цел е намалување на пренатрупаноста во затворите низ Англија и Велс.
Меѓу ослободените, кои отслужиле една третина од казната, има провалници, сторители на семејно насилство и лица осудени за полесни кривични дела поврзани со оружје, пренесува „Телеграф“.
На затворениците им биле изречени казни во траење од две и пол години до три години и два месеца.
