Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, синоќа ѝ ја честиташе победата на Студентската листа на парламентарните избори во Србија, нагласувајќи дека Европската комисија е подготвена да ги поддржи реформите во областа на владеењето на правото, слободата на медиумите, борбата против корупцијата и зајакнувањето на демократските институции.
Таа на социјалната мрежа Икс наведе дека граѓаните на Србија во рекорден број излегле на гласање за да ја обликуваат иднината на својата земја.
„Подготвени сме да ги поддржиме реформите во областа на владеењето на правото, слободата на медиумите, борбата против корупцијата и зајакнувањето на демократските институции, како и заеднички да работиме на унапредување на иднината на Србија во Европската Унија“, напиша фон дер Лајен.
