80.000 граѓани од април ќе земаат минималец од 18.000 денари – опозицијата скептична дека ќе има покачување на останатите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Oколу 80 илјади работници во април ќе земат покачена минимална плата откако денеска Собранието ги усвои измените на Законот. Тие се донесоа по скратена постапка, гласаа 90 пратеници, сите „за“. Како помош за фирмите за зголемување на минималната плата во буџетот се предвидени 16 милиони евра, кои ќе се искористат за покривање на разликата во придонесите.

„Ќе дебатираме колку што треба, а тоа е за да се постигне она за што сите сме согласни дека поголеми плати треба и мора да има. Особено затоа што животот во Македонија станува се понеподнослив и трошоците за живот секојдневно растат, а паралелно  расте и инфлацијата. Со овој предлог закон вие покажувате селективност“, вели Даниела Христова.

„Со помош на миниманта плата работниците кои имаат најниски примања ќе можат да ги покријат своите трошоци за живот. Но, околу селективноста кога зборувате, па зарем работниците кои скалесто земаа со години од 7-10 000 денари тогаш не ги имаа истите потреби“, истакна Марија Костадинова.

Пратениците на владејачкото мнозинство горди на постигнатиот успех за двојно покачување на минималецот. Пратениците на опозицијата се чудат како можат да се фалат со минималец од 18 000 кога бензинот е поскапен за 70%, струјата за 10%, сите производи и услуги за живот се поскапени, а инфлацијата од 6,7 % . Скептични дека ќе има скалесто покачување и на останатите плати. Далеку сме велат од ВМРО-ДПМНЕ од фамозната просечна плата од 500 евра. Ниските плати според нив се должат на  катастрофалната економија. Кадарот во кој вложувала државата 20 години си заминува од земјава.