83 нови случаи на Ковид-19 од 539 тестирања, оздравени 146 пациенти, починаа 4 лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 539 тестирања, а регистрирани се 83 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-34, Куманово-3, Штип-6, Тетово-5, Струга-3, Велес-3, Охрид-1, Гевгелија-1, Струмица-5, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Кочани-9, Берово-1, Валандово-5, Виница-1, Делчево-4.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 146 оздравени пациенти од: Скопје-52, Куманово-14, Штип-7,  Прилеп-5, Тетово-4, Струга-2, Велес-3, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-6, Гостивар-7, Гевгелија-3, Струмица-7, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Кочани-12, Македонски Брод-1, Виница-1,  Делчево-4, Свети Николе-5, Кичево-4. 

Во болнички услови починати се 4 лица, три пациенти од Скопје (66г., 88г. и 62г.) и еден од Тетово (73г.).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18873, бројката на оздравени пациенти е 15487, на починати е 760, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2626. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 7420, активни 945

• Куманово 1802, активни 170

• Дебар 287, активни 32

• Штип 1286, активни 61

• Прилеп 722, активни 142

• Тетово 1492, активни 161

• Струга 688, активни 44

• Велес 341, активни 32

• Битола 331, активни 73

• Охрид 438, активни 32

• Кавадарци 252, активни 41

• Гостивар 947, активни 77

• Гевгелија 140, активни 45 (9 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 19 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 303, активни 179

• Крива Паланка 125, активни 36

• Радовиш 102, активни 36

• Крушево 20, активни 1

• Кочани 426, активни 180

• Пробиштип 117, активни 19

• Демир Хисар 62, активни 2

• Македонски Брод 93, активни 4

• Пехчево 46, активни 4

• Берово 127, активни 49

• Валандово 51, активни 36

• Виница 125, активни 35

• Делчево 173, активни 84 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица) 

• Кратово 26, активни 2

• Свети Николе 373, активни 54

• Кичево 334, активни 31

• Ресен 166, активни 8

• Неготино 58, активни 11 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 539 теста се преку: ИЈЗ-218, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена-0,  Биотек-42, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-132, Систина со PCR метода -131, лабораторија Лаор –1, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-1, ГАК-14, Синлаб-0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 195.541 тестирања на Ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 82 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.  

Во болницата во Козле хоспитализирани  се  1 дете и 1 мајка позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 13, а во болницата во Штип се 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 187, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје) 

• Чаир – 60

• Гази Баба – 105

• Аеродром – 165

• Карпош – 136

• Центар – 157

• Кисела Вода – 108

• Ѓорче Петров – 70

• Бутел – 37

• Шуто Оризари – 17

• Студеничани – 6

• Сарај – 15

• Арачиново – 5

• Илинден – 34

• Сопиште – 3

• Чучер Сандево – 5

• Петровец – 7

• Зелениково – 3

• Странец – 9

• Нераспределен-3