85 годишно лице заразено од коронавирус во Дом за стари лица во Битола

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Едно лице на 85 годишна возраст кое било сместено во Домот за стари лица „Сју Рајдер“ во Битола е позитивно на коронавиурс. По потврдениот тест, веднаш е сместен на инфективното одделение во битолската Клиничка болница. Покрај наведената симптоматологија пациентот има и други коморбидитети. Земен е брис за докажување на COVID-19-лабораториска потврда за позитивен резултат е добиен на 04.04.2020 година, информираат од Центарот за јавно здравје Битола, јавува Тера.

По ова веднаш се преземени итни мерки, по што осум лица вработени во Домот за стари лица се во изолација, а земени се брисеви и од други лица во домот кои имале контакт со сега потврдениот случај.

Направена е целосна дезинфекција на Домот за стари лица “Сју Рајдер”- Битола од страна на ДДД – службата при ЦЈЗ Битола.