88-годишник возел со 190 километри на час поради вакцинација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Француските полицајци останале изненадени кога сопреле возило кое возело 191 километар на час, а било управувано од 88-годишен возач.

Ограничувањето било 110 километри на час. Кога полицајците го прашале возачот каде брза толку, рекол дека се плаши да не задоцни на закажан термин за вакцинација.

Полицајците му ја одземале возачката дозвола и му го конфискувале автомобилот, но го однеле да ја прими вакцината.

„Поради сигурност на сите во сообраќајот, ги молиме да ги почитуваат ограничувањата, па дури и после 60 години со возачка дозвола“, изјавија од француската полиција.