Заедно со Казахстан, Суринам и Виетнам, Македонија го дели 88-то место во рангирањето на Индексот за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл за минатата година. Има два поени помалку од 2023 година, што ја спушти за 12 позиции на ова рангирање. Според претседателот на Транспаренси Интернешнл-Македонија, Благоја Пандовски, падот се должи на скандалите во судството, Судскиот совет и Академијата за судии и јавни обвинители.
По овој слаб извештај на земјата, власта и опозицијата со обвинувања за тоа кој е виновен за високата корупција во земјата. Премиерот Христијан Мицкоски, вели дека ќе ги анализираат слабостите и нема да дозволат да се повторат скандалите од минатото владеење.
Реагираа од СДСМ од каде велат дека овие резултати се доказ за неспособноста на актуелната влада.
„За разлика од тоа, Владата на ДПМНЕ го врати нашиот рејтинг наназад, а земјата ја ставија во групата на најкорумпирани држави во Европа. Одговорноста за овој неуспех е кај Владата, наместо да ја лаже јавноста со празни ветувања и пропаганда треба да покаже системски мерки и реформи за борба со корупцијата. СДСМ останува цврсто посветен на борбата против корупцијата и изградбата на институции кои ќе служат на граѓаните, а не на партиските интереси“, вели СДСМ.
Од земјите од регионот, Грција е најдобро рангирана, на 59-то место, а БиХ најлошо на 114-то место.
ИНДЕКС НА КОРУПЦИЈА 2024
ДРЖАВА 2024 ПРОМЕНА
- Грција 59 0
- БиХ 114 -2
- Албанија 80 +5
- Косово 73 +3
- Србија 105 -1
- Хрватска 63 -3
- Бугарија 76 -2
