9. мај со посебно значење – „Се оствари сонот на многу генерации, ние сме едно семејство“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во честитка до граѓаните За 9 мај – Денот на Европа, Претседателот Стево Пендаровски го потенцираше добивањето на датум за почеток на преговорите со унијата и остварувањето на долгогодишниот сон, влезот во НАТО.

„Оваа година се оствари сонот на многу генерации, ја добивме одлуката за почеток на преговорите за членство, наскоро очекуваме да се определи преговарачката рамка, а по нејзиното одобрување да го почнеме пристапниот процес со првата меѓувладина конференција“, вели Пендаровски.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери оцени дека Европа беше долгогодишна цел, а со добивањето на датумот земјата се движи по вистинскиот пат.

„Бевте наша цел, сега, продолжуваме да чекориме заедно уште посилни, уште поубедени дека сме на вистинскиот пат и дека сме едно семејство.“, рече Џафери.

Поради добивањето датум и поради членството во НАТО, нашата земја има многу повеќе причини за да го слави Денот на Европа, истакна премиерот.

Честитки испратија и партиските лидери, кои истакна дека посветено ќе работат во правец на членството на земјата во ЕУ.