92 лица се заразиле иако биле вакцинирани – Филипче: Размислуваме за мерки за невакцинираните

НАЈНОВИ ВЕСТИ

92 лица односно 0.02% од вакцинираните се заразиле со Ковид-19. Процентот на граѓаните кои се заразиле, иако ги примиле двете дози од некоја од анти-ковид вакцините е многу низок, вели министерот за здравство, Венко Филипче, додавајќи дека имунизацијата е единственото оружје против пандемијата.

Вакцинацијата од август ќе се врши само во здравствените домови, а големите сали, како што е „Борис Трајковски“ во Скопје ќе бидат затворени. Достапни ќе бидат само салите во Тетово и Струмица.

Здравствените власти анализираат дали од есен треба да воведат ограничувања за невакцинираните граѓани. Ако процениме дека ризикот од невакцинираните е доволно голем, вклучувајќи ги и вакцинираните, ќе воведеме рестриктивни мерки, вели министерот Венко Филипче.

Во тек е и процесот на имунизација на адолесцентите, а досега вакцината ја примиле 630 деца под 18 години. Во источниот дел од земјава, како што објаснува Филипче, има мал процент на вакцинација, поради слабиот интерес, додека најголема заинтересираност пројавиле жителите на Охрид и Битола.