94.500 попишани граѓани на првиот дел, Спасовски: Ќе има пријави за граѓаните кои нема да се попишат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

94.500 граѓани се попишани на првиот ден на пописот, соопштуваат од заводот за статистика, а ниедно домаќинство не побарало попишувачот да биде вакциниран.

Зголемен интензитет на пописот се очекува во попладневните часови велат од ДЗС. Попишувачите денеска имале проблеми со интернетот меѓутоа од Заводот велат дека тој проблем ќе се среди.

„Очекуваме во попладневните часови, од 15.30, 16 часот да се зголеми интензитетот бидејќи треба да се има предвид дека е работен ден. Се надеваме дека од тогаш се ќе биде во ред и пописот да продолжи успешно“, вели Иљми Селами.

Министерот за внатрешни работи, Олиевр Спасовски рече дека ќе има соодветни пријави за оние кои нема да прифатат да се попишат.

И премиерот Зоран Заев го смета за извонредно успешен почетокот на пописот во земјава.

Пописот почна вчера и ќе трае до 30 септември. Претходно, на 1 март оваа година почна пописот на дијаспората кој исто така ќе трае до крајот на месецов.