„Ништо нема да ни се случи ако нѐ затворат и нас“ – Ахмети со повик за борба против корупција и криминалот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Под мотото „Заедно за Европа“, претседателот на ДУИ, Али Ахмети заедно со министри и сопартијци продолжува со средбите во Тетово. Тој синоќа испрати повик за ветинг во кој ќе бидат опфатени сите.

„Треба да се бориме против злото, криминалот, корупцијата. Да побараме ветинг за судии, полицајци, политичари. Јас официјално побарав од Обвинителството, одлука од Генералниот совет на ДУИ за поведување истраги за ДУИ… излегуваат секакви неписмени… Крадецот украл, го сторил тоа, украл – пратете го во Обвинителство. Изнеси ги фактите. Лажел – смести го в затвор! Зошто лажеше?! Крадел – смести го в затвор крадецот! Во затвори во Америка има 30 илјади функционери, па и нас ако нѐ затворат ништо нема да нѐ снајде“, вели Али Ахмети.

Првиот вицепремиер, Артан Груби, во текот на неговиот говор го покрена прашањето околу тоа кому би му одговарало да има поделби во време на криза во регионот?! И тој повика да бидеме што пообединети.

„Не дозволувајте да се поделиме бидејќи тоа е во ваши раце. Не дозволувајте да се вратиме во времето на сервилност, на оние Албанци како што спомна претседателот, во времето кога беа со секира само за сечење дрва или чистење оџаци… Да направиме Албанците да бидат одлучувачки фактор кој ќе ги води проектите напред, а тоа можеме да го направиме само ако сме заедно, а не да станат маша во нечии раце. Гледате дека Косово и Србија „вријат“, се наоѓаме како во времето на прогласување независност и во 1998-ма. Сведоци сме, Вучиќ поднесува оставка, Америка и Европа денеска се во Приштина! Црна Гора не може да формира Влада веќе една година. БиХ не може да застане на нозе со години. Бугарија не може да задржи Влада повеќе од месец дена, четири пара избори за една година! Кому по ѓаволите му одговара поделбата? Кому му ѓаволите му одговара кризата? Кому по ѓаволите му одговара Албанците да бидат поделени?“, вели Артан Груби.  

Ахмети се сретна и со претставниците на Форумот на жените на ДУИ во Тетово, а средбите продолжуваат и во другите градови.