Пожарот кај Бит Пазар ставен под контрола – огнот зафатил три куќи, интервенирале 22 пожарникари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пожарот што избувна попладнево во близина на Бит Пазар во Скопје е целосно ставен под контрола. Огнената стихија зафатила делови од три станбени објекти, а во гаснењето биле ангажирани 22 пожарникари со девет противпожарни возила.

Според командантот на скопската Противпожарна единица, Звонко Томески, пожарот најпрво избувнал на покривот на двокатна куќа, по што поради близината на објектите пламените јазици се прошириле и на делови од уште две соседни куќи.

Благодарение на интервенцијата, пожарот е локализиран и ставен под контрола, а пожарникарските екипи продолжуваат со расчистување на теренот.

Материјалната штета засега не е утврдена и ќе биде проценета дополнително.