AA-AAA реагира за состојбата на албанското образование – „Општество за сите, само демагогија“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На вториот ден од учебната година, албанската опозиција, Алијанса за Албанците и Алтернатива со критики за состојбата на албанското образование во неколку населени места. Од АА денеска потсетија дека три училишта во земјава вчера не започнаа со настава. Наим Синани од оваа партија, слоганот “едно општество за сите“ го нарече демагогија.

„Како што знаеме, вчера почна учебната година во РСМ, но не за сите ученици. За жал таква можност немаа учениците Албанци од село Брњанци, тие немаа можност да ја почнат наставата како што сакат исто и децата од Идризово. Како што се знае, имаме и стар проблем со децата од Блаце, кои учат во друга држава“, истакна Наим Синани.

Реакции следеа и од Алтернатива, конкретно за образованието во Куманово, велејќи дека средното училиште Сами Фрашри и Наце Буѓони се со мизерни услови.

„Проблемите во образованието на албански јазик во Куманово немаат крај. Друг проблем, кој предизвикува голема штета е партизацијата на основните и средните училишта. Како што е веќе очигледно, во текот на овие 4 години, тоа што може да се забележи е дека македонската партија СДСМ, и таа која говори на албански јазик, ДУИ, длабоко задреле во албанските училиште и со притисокот кој го вршат, ја задушуваат наставата на албански јазик“, посочи Адријан Јашари.

Реакција стигна и од АА, од огранокот во Тетово, кои го нарекоа импровизација вчерашното отворање на училиштето во Мала Речица од страна на неколку функционери на ДУИ. Според нив,  злоупотребена е група деца и излажано е дека училиштето е подготвено за една година. Вистината е сосема поинаква се вели во реакцијата, училиштето нема да се отвори ниту оваа година, вели опозициската партија.