АА-ААА цели кон директорските функции на ДУИ во Скопје – Бектеши: За нас не се битни директорските функции

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Зекирија Ибрахими тврди дека по завршување на изборниот процес сите јавни претпријатија во рамките на Град Скопје со кои раководи  ДУИ, ќе ги земе коалицијата АА-ААА. Тој е убеден во бидејќи коалицијата АА-ААА е дел од мнозинството на Советот на Град Скопје.

„Именувањето на директорите на скопските претпријатија го прави Градот Скопје, значи собранието на Скопје. И ние сме дел од мнозинството со коалицијата АА-ААА и сите директорски функции со кои досега управуваше ДУИ од понеделник ќе и припаѓаат на нашата коалиција“, истакна Зекирија Ибрахими.

АА-ААА цели кон јавните претпријатија со кои раководат Ардијан Муча и Абдулсамет Шабани од ДУИ.

„Ние сме заинтересирани за да ја земеме „Комунална Хигиена“ и „Паркови и зеленило“ и да имаме висока функција во „Водовод и канализација“, така да и таму каде нема да ја имаме првата висока функција, одлучувањето ќе биде заедничко и сите именувања и унапредувања но и секој проект кој е во интерес на овие граѓани од овие претпријатија, ќе го направиме и ние“, додава Зекирија Ибрахими.

Одговорија од ДУИ. Крешник Бектеши вели дека за интегративците не се важни директорските функции туку програмата кој им се нуди на граѓаните.

„Сериозните политички партии како што е ДУИ претходно не разговараат за директорски функции, туку разговараат во рамките на програмите, тоа што им се нуди на граѓаните, за нас не се важни директорските функции  туку важно е целосно да се реализира програмата со која излеговме на избори и сме ја добиле довербата на граѓаните и тоа се случи на 17 октомври“, вели Крешник Бектеши.

Бектеши исто така ја повика Алтернатива да ги повлече директорите на централно ниво кои останале во функција од кога биле дел од Владата.

„Што се однесува до управите на централно ниво, чесно е директорите кои останале од времето кога Алтернатива беше дел од Влада, да дадат оставка, да не ги држат функциите бидејќи не се согласуваат со програмата кој се спроведува од страна на Владата, но кога се во прашање нивните фотелји, тие не се подготвени тоа да го направат“, додава Крешник Бектеши.

Инаку коалицијата АА-ААА заедно со ВМРО-ДПМНЕ со која соработуваа во текот на локалните избори собрале 40 отсто од гласовите, а ДУИ и СДСМ 34% на гласовите за Градот Скопје.