AA и Алтернатива: ДУИ ќе ја испратиме во опозиција, Ахмети: Не стравувам и не патам од таква параноја

НАЈНОВИ ВЕСТИ

И по официјалното распишување на предвремените избори на 12-ти април, Алијанса за Албанците и Алтернатива убедени дека ДУИ ќе замине во опозиција и дека нивните двојна коалиција ќе биде победничка.

-Ние сега имаме билатерални средби за усогласување на програмите и конкретизирање на нашата понуда и заедничкиот настап. Мислиме дека оваа коалиција ќе биде победничка кај Албанците. Верувам во ова, односно убеден сум, секако ако успееме оваа увереност да им ја пренесеме и на граѓаните-рече Африм Гаши од Алтернатива.

-Ние ќе продолжиме со проширени коалиции и со јавниот сектор, бидејќи сме заинтересирани сите Албанците кои сакаат промена да бидат дел од столб предводен од Алијанса за Албанците и се надеваме ДУИ конечно да ја испратиме во опозициј -вели Фљакрон Беџети од АА.

Но, првиот човек на ДУИ, Али Ахмети вели дека не стравува ниту од Алијанса, ниту од Алтернатива. На прашањето – со кои имиња ќе се трка ДУИ на 12-ти април, Ахмети одговори дека за ова ќе одлучат партиските органи, нагласувајќи дека неговата партија ќе настапи во претставници прифатливи за гласачите.

-Секоја година ми го поставуваат истото прашање – стравувате од овој или од оној?! Секако, јас воопшто не патам од параноја. Ова ќе зависи од раководните органи на партијата, ќе се спроведат анкети, анализи. Ние сакаме да се натпреваруваме со претставници кои се прифатливи за нашите гласачи.-вели Ахмети.

Инаку, подолго време се зборуваше за тројна коалиција меѓу АА, Движењето Беса и Алтернатива, но сепак без успех. Алтернатива не прифати да седне на маса со Беса, а пак Беса не одговори на поканата на Алијанса, нарекувајќи ја несериозна.