Унгарскиот премиер во заминување, Виктор Орбан, денес објави дека се повлекува од своето место во унгарскиот парламент откако неговата партија Фидес претрпе тежок изборен пораз со кој заврши неговото 16-годишно владеење.
На 12 април, Орбан загуби од проевропскиот конзервативец Петер Маѓар, чија партија освои двотретинско мнозинство во Парламентот, на избори обележани со рекордна излезност на гласачите во Унгарија.
Орбан, 62, минатата недела повика на „целосно обновување“ на неговата партија.
„Бидејќи местото што го освоив како водечки кандидат на партијата Фидес-КДНП всушност е парламентарно место за Фидес, решив да се откажам од него“, рече Орбан во видео објавено на Фејсбук, по состанокот на извршниот комитет на Фидес.
Тој додаде дека е повеќе потребен во реорганизацијата на партијата отколку во парламентот. Тој нагласи дека раководството на партијата му препорачало да остане и да продолжи со работата како претседател на Фидес и дека е „подготвен за таа задача“ доколку биде потврден на партискиот конгрес што ќе се одржи во јуни.
Унгарскиот парламент ќе ја одржи инаугуративната седница на 9. мај.
