Иранската делегација ја заврши посетата на Исламабад

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иранската делегација, во која е и министерот за надворешни работи Абас Аракчи, го напушти Исламабад по денешните состаноци со високи пакистански претставници, објави Ал Џезира.

Според медиумите, иранската делегација им презентирала на пакистанските лидери официјален список на барањата на Техеран за прекин на војната со Соединетите Американски Држави и Израел. Аракчи, по разговорите со официјални лица во Исламабад, ги пофали напорите за посредништво на Пакистан за одложување на продолжувањето на преговорите со САД за постигнување траен мир. Аракчи во објава на Телеграм изјави дека разговарал за „најновите случувања во врска со прекинот на огнот“ меѓу САД и Иран со командантот на пакистанската армија, фелдмаршал Асим Мунир, како и со пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф.

По посетата на Пакистан, Аракчи, како што е најавено, ќе отпатува во Оман и Русија на понатамошни дипломатски консултации.