Абазовиќ: Ако вечерва падне Владата, да не ни се јавувате повеќе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ на седницата на парламентот изјави дека Граѓанското движење УРА што го предводи нема да учествува во преговорите за формирање на нова извршна власт, во случај вечерва да падне неговата влада.

„Вечерва имаме опција да гласаме или не да гласаме за иницијативата на ДПС. Ако вечерва падне владата, нека ви е со среќа. Не го барајте повеќе движењето УРА“, рече Абазовиќ како одговор на коментарите на пратениците.

Тој посочи дека иницијативата на Демократската партија на социјалистите (ДПС) за соборување на владата е поднесена по потпишувањето на Основниот договор со СПЦ.

„Иницијативата на ДПС дојде како резултат на потпишувањето на Основниот договор. Кога реков дека има луѓе кои гласно го бранат Основниот договор, за некои од нив тврдам дека немало да го потпишат. Не трепнав и не го направив ова за гласови и поддршка, туку за помирување на народот во Црна Гора, особено на православниот народ. И јас сум горд на тоа“, рече тој.