Абазовиќ за изборите во Црна Гора: Процесот се одвиваше како во земјите на Западна Европа, голем успех за владата и граѓаните

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот на Црна Гора во заминување, Дритан Абазовиќ во интервју за ТВ21 на Преспа Форумот за дијалог проговори и за изборниот процес во неговата земја.

Според него, и двата изборни процеси (претседателски и парламентарни избори) се одвивале како во земјите на Западна Европа. 

„Ова не било случај досега и мислам дека е голем успех и за владата на Црна Гора и општо за сите граѓани што имаше атмосфера како да гласаат во Луксембург или во Естонија, без никакви тензии. Луѓето гласаа релаксирано, како што мислеа дека треба, па мислам дека сега сме скалило погоре во демократијата. Црна Гора покажа дека политичката култура се движи во нагорна насока. Сега следуваат конституирањето на парламентот, а потоа и преговорите за влада. Како што рековте, никогаш не се знае. Ќе го видиме финалниот исход, но најважно е да се сочува оваа атмосфера и понатаму да се подобрува животот на граѓаните на Црна Гора“, вели Абазовиќ.