Оваа улица во Чаир досега се викаше „Втора македонска ударна бригада“, но од денеска го носи името на деецот Адем Демачи, кој краток дел од животот престојувал во едно од семејствата на оваа скопска улица.
На инаугурацијата дојде и премиерот на Република Косово, Албин Куртин.
Курти во својот говор го опиша периодот кога Адем Демачи бил принуден да ги брани правата на Албанците, бидејќи, како што рече, Албанците биле народ угнетуван од тогашниот режим. Според него, именувањето на оваа улица по Адем Демачи претставува чин на истрајност во напорите на еден народ за слобода.
„Тоа време на погазување на Албанците во поранешна Југославија произведе симбол на слободата кај Албанците, а тоа е Адем Демачи. Новинар и интелектуалец, писател и активист Адем Демачи, со своите јавни и тајни пишувања и активности кои го чинеа 28 години поминати во затвор, стана симбол на немилосрдниот отпор и незапирливата борба за слобода на Албанците во поранешна Југославија. Затоа, името Адем Демачи не беше само име на едно лице туку и име на личност. Тоа беше посебен слоган“, вели Албин Курти.
Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, рече дека секогаш кога некој ќе помине по овој дел на Чаир, ќе се потсети на патувањето на Демачи кон слободата.
„Секогаш кога ќе газиме по овој пат, не само ние граѓаните на Чаир туку и сите албанци, ќе се потсетиме на патувањето на Деначи кон слободата. Ќе се потсетиме дека овој човек 1/3 од својот живот го помина во затвор. Но неговиот дух остана слободен засекогаш“, вели Висар Ганиу.
Присутна беше и внуката на Адем Демачи, Диторе Шахини, која им се заблагодари на скопјани.
„Им благодарам на граѓаните на Скопје кои преземале ваков чекор, да се потсетиме на едно починато лице. Да работат за една многу голема работа и да се назначи една улица по него“, вели Фиторе Шахини.
Во Чаир, освен Ганиу, Курти го пречекаа и тројцата лидери на албанските опозициски партии, кои пред извесно време почнаа опозициска соработка, Изет Меџити од Демократски сојуз, Африм Гаши на Алтернатива и Билал Касами од Беса. Немаше претставници на другите партии.
