Три лица загинаа денеска откако мал авион се урна на нива во близина на местото Гердерат, кај Еркеленц, во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија.
Авионот од типот „Цесна 172“ претпладнево полетал од областа северно од Утрехт во Холандија, по што влегол во германскиот воздушен простор во близина на автопатот А52, пренесува „Билд“.
Леталото околу 11:20 часот, од засега непознати причини, се урнало на земјоделско земјиште. Авионот е целосно уништен, а полицијата потврдила дека во него имало три лица и дека сите тројца загинале.
