Адеми: 62 пратеници пратија порака до Мицковски и Таравари, Владата е стабилна!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

62-та гласа во Собранието за доверба на Владата е порака за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски и Таравари дека Владата е стабилна, рече Адеми вечерва во „Click Plus“ на ТВ21.

„Денеска во Собранието, 62 пратеници гласаа доверба на Владата. Гласовите се за реализација на проектите на Владата. Гласаа за патот на Северна Македонија кон ЕУ. Гласаа за подобар живот. Денеска паднаа во вода најавите на Мицковски и на Таравари дека оваа Влада нема мнозинство во Собрание. Еве, денес пративме порака кон сите што мислеа дека оваа Влада нема поддршка од пратениците“, рече Арбер Адеми пратеник на ДУИ.

На ова одговори Зејд Реџепи кој кажа дека ова е уште една игра на СДСМ и ДУИ.

„Ова е игра на ДУИ и СДСМ. Тие направија голема штета на граѓаните. Вакцини нема. Имаме највисока стапка на смрт од Ковид. Инвестиции нема. Оваа Влада брзо ќе биде симната“, рече Реџепи.

Во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 дебатирааат Арбр Адеми пратеник од ДУИ и Зејд Реџепи од Алтернатива.