Адеми: Проблеми со платформата за учење имаше и во други земји

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поранешниот министер за образование, Арбр Адеми беше гостин во „10МИНУТИ“ на ТВ21. Тој покрај учебната година, кажа и за платформата за учење. Напомена дека и во други земји имало проблеми, односно паѓање на системот.

„Од УНИЦЕВ имавме подготвена платформа за онлајн настава, која беше за нас без пари. Не е ова што се користи сега“, рече Адеми и дополни:

„И од ФИНКИ имавме понуда да го градиме истото. Колку што можев да видам, и сегашната платформа е квалитетна. Паѓањето на системот, на платформата не е нешто ново ако ги гледаме и земјите во регионот. И во Хрватска после првиот ден имаше проблеми. Вакви пролеми имало и во други држави. Сегашниот систем е квалитетен“, рече Адеми.

На прашањето зошто порано не почна обуката на наставниците за онлајн настава, Адеми одговори:

„Секогаш обуките се прават во втората половина од август, бидејќи во првата се на одмор. Немаше задоцнување во делот на обука на наставниците“, рече Адеми.