Министерот за образование и наука Арбер Адеми во „EU click“ на ТВ21 посочи дека состојбата во Дебар ја забрза одлуката за затворање на училиштата поради епидемијата од коронавирус.
„Во основното и средното образование рековме да се прекине наставниот процес и вработените да се ослободат од работните обврски, 14 дена, таква беше првичната одлука. А во високото образование рековме само наставниот процес да се прекине и да се развиваат другите активности. Значи во ниту еден момент не кажавме високите образовни институции да се затворат целосно. Администрацијата во универзитетите се уште функционира“, порача Адеми.
