Немањето конечна одлука за учебната година стана тема на дебата на седницата за новата влада. Дебатата беше предизвикана од пратеникот и поранешен министер за образование и наука, Арбр Адеми, кој реагирајќи на албанската опозиција ги наброја како достигнување дека Претседателот на Парламентот е Албанец и дека за прв пат ќе имаме Премиерот Албанец.
ВМРО-ДПМНЕ му препорача да се дистанцира од националистичките теми и потсети дека сите родители се загрижени затоа што тој и заменик министерот, Елизабета Наумовска, не изготвиле концепт за тоа кога и како ќе почне учебната година.
Албанската опозиција потсети дека наставниците во Северна Македонија имаат најниски плати во регионот.
„Сведоци сме како вработувавте наставници исклучиво со политичка припадност и имаме многу ниско ниво во образование, тоа го покажуваат резултатите. Во однос на платите не треба да се фалите, затоа што во регионот платите се секаде повисоки отколку во Македонија.“, вели Незири.
Од друга страна, наследникот на Адем на функцијата министер за образование и наука, Мила Царовска синоќа вети дека ќе изврши суштински реформи во образованието, коментирајќи ги реакциите на родителите и учениците за учебната година.
Инаку, за утре се најавени два протеста. Едниот е организиран од родители кои се за настава со физичко присуство во основните училишта, а другиот е од Унијата на ученици од средните училишта кои сакаат комбинирана настава во средните училишта. Во меѓувреме, Владата иницираше работна група за создавање услови со цел учебната година да почне на 1 октомври.
