Вака реагираа малите пациенти кога ги видоа подароците од Перо Антиќ, претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, заедно со капитенот на репрезентацијата Војдан Стојановски. Една кошаркарска топка и еден дрес изнудија насмевка кај децата.
Клиничката болница Аџибадем Систина и Кошаркарската федерација го продолжија договорот за спонзорство, за уште една година. Проф.др. Игор Кафтанџиев, медицински директор на Аџибадем Систина, вели дека оваа соработка е многу важна бидејќи се промовираат вредностите на кои болницата е посветена.
Претседателот на Кошаркарската федерација, Перо Антиќ, рече дека плодната година во последниот период има исклучително позитивни ефекти за кошаркарите.
Со ова, болницата со сите свои ресурси продолжува да се грижи за здравјето на кошаркарите на машката и женската сениорската репрезентација, како и за тимовите на младите селекции.
