Со Адреналински парк ќе биде збогатен Националниот парк Маврово од втората половина на септември со цел да се прошири туристичката понуда- информира Константин Циривири управител на „Маутаин експирианс“. Предвидени се содржини и за деца и за возрасни за семејна забава. Но, најголемиот бенефит секако е посетата на природа и дишење чист воздух.
„Функционално паркот е составен од две целини: еден дел за возрасни кој има адреналиснки дел тука се препреки помеѓу дрва со 12 секвенци и зип линија во должина од 8о метри. Вкупната површина на делот за возрасни е 270 метри, додека дело за деца е сочинет од зип линија во должина од 50 метри и адреналински препреки со должина од 70 метри“, истакна Константин Циривири.
Изведувачи на работите се компанијата „Божиновски инжинеринг“ од Тетово задолжени за градежниот дел и „Маутаин експирианс“ за адреналинскиот дел. Паркот се наоѓа во атарот на село Велобрдо, па во наредниот период ќе се уреди и патот до селото за да биде пристапен за посетителите. Со оглед територијалната поставеност се очекуваат како домашни така и странски туристи. Ова е прв адреналински парк во Националниот парк Маврово, а трет во земјава.
