Адвокатите на Боки и Јанева незадоволни од пресудата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Одбраната на Бојан Јовановски и на Катица Јанева, незадоволни од изрекување на пресудата за случајот „Рекет“. Денеска Јовановски доби казна затвор од 9 години, додека Јанева доби 7 години затвор.

„Пресудата беше очекувана, но најмалку се заснова на докази“, рече Сашко Дуковски, адвокат на Бојан Јовановски.

„Јасно беше дека ќе има ваква казна, само не ми е јасно на какви докази се темели. Но, ние нема да застанеме тука“, рече Дуковски.

И адвокатите на Јанева сметаат дека казната за екс специјалната обвинителка е превисока.

„Сметаме дека судот треба да суди врз основа на докази. А во конкретниот случај, докази дека Катица Јанева го сторила кривичното дело за кое денеска е осудена не постојат. Целата јавност беше сведок дека за Катица Јанева обвинителството не достави никакви докази“, изјави Фрчкоска.

„Ќе поднесеме жалба. Ќе видиме прво образложението какво ќе биде. Навистина, во овој момент, не можам ниту да претпоставам кое ќе биде образложението на судот со кое го прифати во целост фактичкиот опис на кривичното дело во диспозитивниот дел на обвинението. Апсолутно немаше доказ за ништо од тоа“, изјави Кадиев.

Претходно обвинителката Вилма Рускоска истакна дека не е задоволна од висината на казната на Јовановски, затоа што очекувала најмалку 10 години.