Адвокатот Миланов смета дека нема докази за „Организаторите на 27 април“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Со завршни зборови од страна на обвинетиот Миле Јанакиески на 14 јули продолжува главната расправа за случајот „Организаторите на 27 април“. Денешното судско рочиште заврши со завршните зборови на адвокатот Еленко Миланов, во одбрана на обвинетите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.

Тој на почетокот се осврна на Законот за амнестија, нагласувајќи дека по сила на закон обвинението не смеело да ја види „светлоста на денот“, да биде покренато, затоа што Обвинителството ги знаело одредбите на тој Закон.

– Овој обвинителен акт и оваа постапка не можеше да започне, не можеше воопшто да биде водена, поради Законот за амнестија којшто е прогласен со указ од тогашниот претседател Ѓорге Иванов. Со овој закон за амнестија се ослободуваат од кривично гонење, се запираат поведени кривични постапки и целосно се ослободваат од издржување на казна затвор, лица за кои постои основано сомневаење дека сториле кривично дело поврзано со настаните во Сорабанието на РМ од 27 април 2017 година. Се ослободваат од кривично гонење според КЗ и друг Закон на РМ, лицата за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело поврзано со настаните во Собранието од 27 април 2017, наведе адвокатот Миланов.

Додаде дека согласно ставот три од членот 1 од Законот за амнестија, истиот не се однесува за лица осомничени, обвинети, правосилно осудени, како и лица кои издржуваат казна затвор за овие настани за кои пости основано сомение дека учесгвувале во подготвување или организирање на настаните во РМ или се правосилно осудени, а кои до денот на влегување во сила на овој Закон сториле кривично дело здружување заради непријателска дејност.

– Овој исклучок за гонење не може да биде применет во овој предмет, затоа што вашата правна квалификација, поставена од Обвинителството и со изменетото обвинение е членот 313, што значи дека не можа да се користи овој дел за лица со учество во организирање или подготвување. Законот не се однесува исто така на лица со прикриен идентитет кои употребиле физичка сила, лица кои сториле насилство, кои неовластено носеле оружје или распрскувачки материјали. Ништо што е внесено во овој исклучок не може да се однесува на ниту еден од овие кои како обвинети се наоѓаат во оваа судска сала и за кои вие постапувате, потенцираше Миланов.

Тој посочи дека Законот за кривична постапка е небулозен, со што Судечкиот совет не може да прекине постапка без одобрение од Обвинителството. На таа основа, побара од Судечкиот совет да донесе ослободителна пресуда.

При изнесувањето на завршните зборови прочита голем број цитати од пратеници кои сведочеле за овој случај.

– Овие искази беа пред вас, ги слушавте и сите тие јасно потврдуваат дека ниту постоеше организација на пратеници, ниту пак таква организација правеле Спиро Ристевски или Миле Јанакиески. Поради настапување на околности поради кои не постои можност за кривично гонење, односно согласно одредбата 402 став 1 точка 6, барам да го одбиете ова обвинение за Спиро Ристевски и Миле Јанакиески за коишто тоа го истакнувам во овој нивен завршен збор, но исто така и за Вељаноски. Сите докази верувам дека доволно Ве убедија дека овие тројца обвинети не го сториле кривичното дело кое им се става на товар, заклучи Миланов.