Адвокатскиот тим на Камчев: Алармантна здравствената состојба на Камчев, во КПУ Затвор Скопје нема дежурен доктор ниту му се дава соодветна терапија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Денес, при редовната посета на Камчев, од страна на дел од неговиот правен тим повторно е констатирано она кое изминатите неколку недели се потврдува, дека здравствената состојба на Камчев е исклучително алармантна, континуирано се влошува и во КПУ Затвор Скопје нема соодветни услови за третирање на истата“, инфомираат адвокатите од правната одбрана на Камчев – Александар Михајлоски и Гоце Ристески.

Адвокатите велат дека Јордан Камчев постојано имал сериозна и силна главоболка , но во КПУ Затвор Скопје немало дежурен доктор за да го прегледа притвореникот. Се праќало медицинска сестра или медицински брат за проверка на состојбата.

„Првично, денес во текот на утрото г-динот Камчев имал многу сериозна главоболка и од затворскиот ,,медицински тим,, констатирано било дека има спојување на притисоците и дека има видливи отоци на лицето. Потоа, во 14.30 тој се чувствува многу лошо поради што прегледан е повторно во КПУ Затвор Скопје, констатиран е повторно споен притисок, 90 со 70. Предложено му е да биде однесен на Клиниката за Кардиологија, но тој одбил бидејќи од претходното искуство кога е пренесуван смета дека е само дополнително малтретирање за него во состојбата во која што се наоѓа бидејќи и таму секако не ја добива соодветната терапија со која би се подобрила неговата состојба. Од затворскиот ,,медицински тим,,  оваа негова состојба во КПУ Затвор Скопје ја третираат со сол и газирана вода.

Сериозноста на здравствената состојба во која што моментално се наоѓа и  несоодветното третирање на истата претставува ризик директно по животот на г-динот Камчев.

Од правен, но и етички и морален аспект, и нашиот клиент, г-динот Камчев и ние како правна одбрана во целост поддржуваме активности со кои би се  докажала правдата, но апелираме на сериозна разумност кај Обвинителството и судиите и нивна рационалност при донесувањето на одлуките. Сметаме дека целта на мерката ефективен притвор која се применува не е директно да се загрозува здравјето и животот на еден човек“, се вели во соопштението од адвокатите.