Меџити се сретна со британскиот амбасадор Лосон, во фокусот продлабочување на соработката

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска се сретна со амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија, Метју Лосон, при што разговараа за досегашната соработка и можностите за нејзино понатамошно продлабочување, информираа од Општината.

На средбата било нагласено значењето на партнерските односи меѓу двете земји, изградени врз меѓусебна доверба, како и поддршката што Обединетото Кралство ја дава во јакнењето на демократските процеси и институционалниот развој.

„Дипломатските средби имаат вистинска вредност кога создаваат цврсти партнерства и доверба. Обединетото Кралство останува наш значаен партнер и ја цениме неговата континуирана поддршка во зајакнувањето на институциите и демократските процеси во државата“, изјави Меџити.