Аеродромот во Загреб одново отворен за сообраќај – еве каква е ситуацијата со летовите од и кон Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Меѓународниот аеродром „Фрањо Туѓман“ во Загреб е повторно отворен за сообраќај, по привремената суспензија што се случи откако мал авион на компанијата „Ер Панонија“ се лизна од пистата и падна во тревата во неделата.

„Откако авионот беше отстранет од пистата, аеродромот „Фрањо Туѓман“ е повторно отворен за сообраќај“, соопштија од аеродромот.

Оваа ситуација директно се одрази и врз аеродромот во Скопје. Така утринскиот лет од Скопје до Загреб кој беше предвиден за во 07:00 часот, е откажан. Лет од Скопје до хрватскиот главен град ќе има денеска во 17:10 часот.

Од Загреб до Скопје е предвиден лет во 14:00 часот, и според информациите од аеродромот истиот ќе биде реализиран во точно време.