Над 5.600 уапсени во акцијата „чистач“ – МВР: Над 1.100 кривични пријави

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полицијата соопшти дека во рамки на оперативната акција „Чистач“, од септември 2024 година досега се лишени од слобода 5.628 лица, при што се извршени 1.158 претреси и се поднесени 1.135 кривични пријави.

Според МВР, акцијата е фокусирана кон борбата против насилниот криминал, нелегалната трговија со дрога и прекуграничниот криминал.

Од поднесените пријави, 1.047 се однесуваат на кривични дела поврзани со дрога, а во текот на акциите биле запленети марихуана, кокаин, амфетамин, хероин, хашиш, таблети МДМА, оружје и пари.

МВР соопшти дека биле спречени и меѓународни канали за шверц на дрога на граничните премини Табановце, Деве Баир и Стар Дојран.