Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници привеле тројца малолетници од Скопје, кои во парк шумата Гази Баба предизвикале пожар, при што опожариле сува трева.
Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита, а по целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Гази Баба при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Исто така, полицијата привела 40-годишно лице од Дебар, кое при чистење на неговата нива во атарот на селото Бомово запалил поголема количина сува трева, по што пожарот се проширил и зафатил површина од околу 3000 метри квадратни. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Дебар.
