Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Митрески од СДСМ и Весна Бендевска од ЗНАМ се предлозите за идните потпретседатели на Собранието. Тие треба да бидат избрани на утрешната собраниска седница откако претходно ќе бидат утврдени на Комисијата за избори и именувања. Весна Бендевска која во емисија Клик плус на ТВ21 ги демантираше шпекулациите дека таа ќе биде идната министерка за правда од редовите на ЗНАМ, рече во иднина ќе има тројца потпретседатели на Собранието.
„Во принцип секиогаш едно потпретседателство место добива опозицијата и едно до две од политичките партии кои учествуваат и се дел од владејачкото мнозинство. Одлуката за бројот на потпретседатели не ја видов бидејќи треба да биде утврдена претходно на Комисијата за прашања на изборите и именувањата“, додава Весна Бендевска.
Бендевска од позиција на поранешен претседател на Комисијата за спречување на дискриминација говореше и за балансерот и вели дека тој треба да се укине бидејќи како што истакна многу се злоупотребува.
„Балансерот стана антипод на својата првична замисла. Ако првичната замисла беше процентуална застапеност и врабаотување на припадниците на помалите етнички заедници сега гледаме дека секој го злоупотребува правото да се произјаснува од етнички аспект како сака. Зошто? Затоа што и нструментите кои ги гарантираат слободиуте и правата на граѓанинот им обезбедуваат на секој едно утро да стане и да се чувствува припадник на ромската заедница, припадник на босанската, на албанската, на македонската“, вели Весна Бендевска.
Бендевска забележа и дека поради ова регистерот за вработени припадници на етничката заедница во Министерството за информатичко општество и администрација веќе не е можно да се води.
