Агелер: Северна Македонија да го заврши грчко-македонскиот гасовод кој ќе ја елиминира зависноста од Русија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Обраќајќи се на 7. Македонски енергетски форум (МЕФ) што се одржува денес во Скопје, Агелер истакна дека земјава во голема мера закрепна од неодржливото енергетско опкружување, но допрва претстојат вистински предизвици. Според неа, земјава треба да го заврши грчко-македонскиот гасовод кој ќе ги елиминира, како што рече, зависноста од Русија и заканите на одредени прекини во снабдувањето.

– Со интерконекторот Северна Македонија ќе може да гради централи со погон на гас и да ја олесни транзицијата од јаглен кон други извори – рече Агелер, потсетувајќи дека земјава ја има поддршката од САД за спроведување на зелената транзиција.

На форумот ќе стане збор за воспоставување енергетска сигурност и безбедност во регионот, трансформација на енергетската инфраструктура, еколошка одржливост, примена на технологија и иновации, како и за финансирање на реформите кон зелена транзиција.

Евроамбасадорот Дејвид Гир. Тој уште еднаш ја искажа европската поддршка за реформите на земјава кон зелената транзиција.