Недовербата на граѓаните во правосудството не произлегува само од работата на судовите, туку и од поширокото чувство дека законите и правилата не важат еднакво за сите, смета претседателката на Кривичниот суд, Даниела Димовска.
Таа посочува дека граѓаните неправдата ја препознаваат и во здравството, вработувањата и образованието, поради што довербата во институциите е сериозно нарушена.
Според Димовска, судовите не можат да ги исправат сите општествени неправди, но имаат обврска да обезбедат законито, независно и непристрасно постапување во судниците.
