Анџела Агелер, амбасадорката на САД во Македонија вечерва беше гостинка во „Клик Плус“ на ТВ21. Дебатиравме за различни теми, а секако беше присутна и „најболната“ – судството.
Агелер кажа дека во земјава има политичко влијание врз судството, но истакна оптимизам дека ќе дојдат луѓе со добра волја, и нема да паѓаат под политички притисок.
„Сигурна сум дека ќе дојде време кога луѓето со добра волја и ќе речат: не ми е гајле кој се јавува, ќе ја завршам работата. Навистина многу ме лути ова. Лесно е некој да каже дека не може да си ја работи работата затоа што политиката меша прсти. Нели би било супер судија или обвинител да каже дека почувствувал политички притисок, но дека нема да потпадне под тоа“, рече Агелер.
