Миноски за Бизнис21: Мој ДДВ е добар проект, дел од средствата се враќаат кај граѓаните

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски во емисијата Бизнис21 на ТВ21 истакна дека проектот МојДДВ е добар.

Како што вели, со тоа дел од средствата се враќаат кај граѓаните.

„На тој начин се испраќа добра порака кон луѓето кои плаќаат данок. Вториот сегмент претставува сегментот на контрола во даночниот сфера меѓутоа за да се почувствуваат сите позитивни ефекти од аспект на можностите кои што ги нуди ваквиот проект во поглед на контролата и издавањето на фискални сметки неопходно е целосна дигитализација на работењето на УЈП, но поврзано и со другите институции.“, вели Миноски.