Агелер за ТВ21: Некои луѓе мора да почнат да си ја вршат својата работа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Амбасадорката на САД во Македонија Анџела Агелер во интервју за ТВ21 рече дека во земјата мора да постои систем во кој секој ќе си ја врши својата задача за што е поставен.

Со Агелер дебатиравме за актуелни теми, за штотуку завршените избори, за судството, за политичкото влијание, за патот на земјата кон Европската унија.

Зборувајќи за судството и за долгите судските процеси, Агелер кажа дека посакува само секој да си ја врши својата работа.

„Не велам дека треба да се отпуштат луѓето. Треба да постои систем кој ќе се погрижи судството да ја има потребната поддршка и сите да си ја вршат својата задача. Тоа не се случува тука. Луѓетто знаат и гледаат колку долго траат судските процеси. Сакам луѓево во државата да си ја работат својата работа. Секој својата. Дали се работи за полицијата, за финасиската полиција која треба да прочешла нешто, секој треба да си работи“, рече Агелер.